Тензии во Милан меѓу Малдини и Газидис: Причината е фудбалер на Арсенал

Кратко откако е во редовите на Милан, извршниот директор на клубот, Иван Газидис почна да ги поставува коцките по свој терк.

Искусниот Газидис имал многу разговори со спортскиот директор на Милан, Леонардо, на кои му посочил дека клубот треба да се насочи кон носење на фудбалери кои ќе бидат идни ѕвезди во светскиот фудбал, а не искусни играчи како Фабрегас и Ибрахимовиќ.

Сега, како што пренесува италијански весник , поранешниот извршен директор на Арсенал бил инволвиран во тензична расправија со Паоло Малдини околу Месут Озил.

Малдини и Леонардо застанале на страната да се обидат да го донесат Озил затоа што Германецот им бил понуден од нивниот агент, но Газидис, кој го направи Озил најскапо платен фудбалер во Англија го блокирал таквиот трансфер.

Леонардо и Малдини биле на ставот дека клубот мора да потпише и искусни фудбалери, но Газидис цврсто стоел на одлуката тоа да не биде Озил затоа што бил сведок на неговото неодговорно однесување во таборот на Арсенал.

Треба да знаете
Последни објави