Додека му читате на вашето малечко, тоа ги имитира звуците, препознава слики и учи зборови. Но, најважната причина за читањето е тоа што со читање се воспоставува врска меѓу работите кои бебето најмногу ги сака: гласот на родителот и сликите од книгите.
Кога родителите читаат, пеат или му разговараат со детето тоа слуша различни емоции и звуци. Читањето поттикнува бебето да гледа, покажува, допира и одговара на прашања. Тоа го подобрува развојот на вниманието и способноста на размислување.
Затоа, читајте му на бебето на глас, барем 15 минути дневно. На тој начин го поттикнувате детето да размислува и да воспоставува блиски односи со другите.
Читањето исто така ја подобрува интелигенцијата.