Полицијата во Загреб уапсила 24-годишнo момче кое на споменикот на првиот претседател на самостојна Хрватска, Фрањо Туѓман, нацртало срп и чекан.
Полицијата пред два дена објави фотографија од момчето и ги замоли граѓаните да пријават детали за неговиот идентитет, па некој тоа и го направил, пренесува порталот „Индекс.хр“.
„Полициските службеници од загрепската полициска управа извршија кривична истрага врз 24-годишно лице поради сомневање дека извршило кривичното дело ‘oштетување на туѓ имот’“, се вели во соопштението на полицијата.