Германските лидери ја повикаа Велика Британија да се откаже од Брегзит и да остане во ЕУ, со образложение дека не е предоцна за земјата да се предомисли.
Ново-назначената канцеларка на Германија, Анегрет Крамп-Каренбауер, во отворено писмо дека двете земји имаат особена врска и дека Британија играла клучна улога во повторната изградба на Германија по Втората светска војна.
„Без вашата нација, овој континент немаше да биде она што е денес, заедница која е дефиниција за слобода и просперитет“, вели Каренбауер во писмото.
„По страотните случки во Втората светска војна, Британија не крена раце од нас. Британија ни посака добредојде како суверена нација и европска сила. Ние, како Германци ова го немаме заборавено и сме благодарни“, канцеларката додава во писмото.
Каренбауер во писмото вели дека не е доцна Британија да се откаже од Брегзит, да го среди хаосот и анархијата кои доминираат во британската политика по последните две и пол години, од референдумот за Брегзит во 2016.
„Британците треба да знаат дека ние веруваме дека ниеден избор е неповратен. Нашата врата останува отворена: Европа е наш дом“, се вели во писмото.
„Ќе ни недостасува чајот со млеко и возењето на левата страна. Ќе ни недостасува и пантомимата за Божиќ, но највеќе од се, ќе ни недостасуваат Британците — нашите пријатели преку Каналот.“