Мигрант од Сирија бара отштета од Унгарија поради тоа што бил уапсен поради лажни обвиненија за тероризам.
Бегалецот Ахмед Х. го тужи Кабинетот на премиерот од кој бара да му исплати 8 милиони унгарски форинти (околу 29 000 долари) отштета поради тоа што бил зад решетки од 2015, вели претставник на Кабинетот.
Ахмед Х. беше уапсен во септември 2015, за време на конфронтациите помеѓу полицијата и нелегалните мигранти кои се чекаа да влезат во Унгарија преку Србија, а со цел да стигнат до Германија.
За време на инцидентот на границата, унгарската полиција фрли солзавец и со водени топови ја растури толпата од бегалци, кои, пак, фрлаа камења и стаклени шишиња врз полицијата.
Ахмед Х. беше уапсен и доби затворска казна од 7 години, како и десетгодишна забрана за нелегално преминување граница и изведување терористички чин. Подоцна казната му беше намалена на 5 години.
Во јануари му беше дозволено условно ослободување од затвор поради отслужени две третини од казната од 5 години.
Ахмед Х. ќе биде пуштен од затвор на 19 јануари.