Владимир Путин вчера по четврти пат го посети српскиот главен град, Белград. Шеесет и шестгодишниот руски претседател сака да патува и ваквите професионални обврски не му се тешки, но мал проблем е тоа што него го интересираат малку поинаков тип патувања – без голема придружба, камери, набиена агенда и премногу луѓе.
Иако веќе долго време е на чело на Русија, логично е дека Путин во еден момент ќе се повлече, а пред неколку години, тој отворено зборуваше за плановите за пензионерските денови, при што ја истакна желбата за патување во природа и посета на некои туристички атракции.
„Би сакал успешно да ја завршам својата кариера“, изјави Путин при посета на една фабрика, кога во една од малкуте такви ситуации, го спушти гардoт и му се довери на еден работник – „Сакам да патувам. Денес, сите моите патувања се сведуваат на тоа да стигнам до аеродромот, во хотел, а потоа се враќам назад на аеродром. Би сакал да патувам во друг стил. Да одам некаде во природата, да видам некои туристички дестинации“, рекол рускиот претседател.
Со оглед на тоа што не зборува премногу за својот личен живот, уште во само едно интервју Путин откри дека често оди на викенди во природа, на локација каде еден од неговите пријатели има куќа. Како што рече, само во дивината се одмора онака како што сака.