Најмалку 21 загинати при експлозија на нафтовод во Мексико

При експлозија на нафтовод во централно Мексико загинаа најмалку 21 човек, а 71 се повредени.

Според локалните власти несреќата се случила откако крадци ја пробиле цевката за да украдат гориво.

Пожарот на нафтоводот се уште не е изгаснат.

– Се уште има подрачје до кое не можеме да стигнеме и затоа претпоставуваме дека бројот на настраданите би можел да биде поголем, изјави гувернерот на мексиканската држава Идалго Омар Фајад.

Поради кражба на гориво буџетот на Мексико минатата година беше оштетен за три милијарди долари.

Треба да знаете
Последни објави