Aлбанскиот премиер Еди Рама денеска се сретнал со косовскиот претседател Хашим Тачи во кафуле во Тирана, објави порталот „Албеу”.
– Во последно време Рама и Тачи често се среќаваат бидејќи се очекува Косово да го потпише договорот со Србија. Медумите пренесуваат дека Рама го подржува Тачи, кој секогаш е во служба на Србија, додека Рамуш Харадинај, Кадри Весели и Фатмир Лимај се против него. Причината е 100 процентната такса воведена за српските производи и идејата за корекција на границите, истакнува „Албеу”.
Истиот извор наведува дека Тачи бара од Харадинај повлекување на одлуката за таксите, но е за корекција на границите. Харадинај, пак поддржан од Весели и Лимај не се откажува од таксите за српските артикли. Тројцата исто така едногласни се против промена на границата.
Не се знае дали и Рама ќе го притисне Харадинај за укинување на таксата за српските прозводи, знаејќи ја поддршката што тој му ја дава на Тачи.
Средбата Рама-Тачи се случува по петочната посета на Приштина и ненајавена на Тирана на европскиот комесар за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан.
За време на неговиот кус престој во Тирана, во петокот навечер, Хан се сретна единствено со Рама, со кој повеќе од сигурно е дека разговарале и за оваа одлука на Приштина.
ЕУ во неколку наврати побара укинување на царините воведени од Приштина на увозот на српските производи, а вчера портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич изјави дека ставот на ЕУ „и понатаму е јасен и повторно ја нагласуваме итноста за укинување на тие мерки”.