Ликот и делото на Тоше Проески ги спои Општина Карпош и хрватската општина Нова Градишка.
Денеска заврши десетото издание на Меморијалниот турнир во мал фудбал во чест на Тоше Проески. Главен покровител на турнирот беше Општина Карпош, а организатор е Здружението на стопанственици Власи „Мандра“.
За прв пат, оваа година турнирот доби и меѓународен карактер, при што покрај екипите од повеќе македонски градови, учество земјаа и екипи од Хрватска, Албанија и Грција.
Првото место го освои екипата од Нова Градишка, второто место му припадна на тимот од Корча и третото место за екипата од родното место на Тоше, Крушево.