Ракометарите на Металург го освоија првото место на силниот меѓународен турнир во Гренобл, Франција, откако во финалето ја совладаа силната екипа на Ирун Бидасоа од Шпанија, со 32:31, објавија „металурзи” на клупскиот сајт.
Македонскиот вицепрвак до триумфот дојде со голот на Александар Шпенде буквално во последната секунда. Токму Шпенде беше прогласен и за најдобар играч на турнирот, а Даниел Дупјачанец за најдобар голман.
Во дуелот за третото место Истр го победи домаќинот Гренобл со 28:26.
Турнирот Мастерс де Хендбол има традиција од 2002 година и досега на него учествувале бројни силни европски екипи. Годинава покрај Металург и Ирун Бидасоа, настапија и француските екипи Истр и Гренобл.