Англискиот рок бенд The Who најави нов албум оваа година, а од таму потврдија и дека ќе заминат на турнеја во Северна Америка.
Албумот засега нема наслов, а ќе биде налседник на 11. студиски албум на бендот „Endless Wire“ кој беше издаден во 2006 година.
Гитаристот Пит Тауншенд (73) изјави дека фановите може да очекуваат мрачни балади, тешки рок работи, експериментална електроника и типични Who песни кои почнуваат со гитара која дава јанг-данк звук.
Тауншенд и вокалот Роџер (74) се единствени членови на групата кои останаа од нејзиното основање. Тапанарот Кит Мур почина во 1978 година, а заменскиот бубњар Кени Џонс го напушти бендот во 1988 година. Басистот Џон Ентвисл почина во 2002 година.
Нивниот сегашен состав го вклучува Зак Старки, син на тапанарот на „Битлси“ Ринго Стар, како и Сајмон Тауншенд, помладиот брат на Пит.