Хеликоптерска снимка од планината Ајзенерцер Рајхенштајн на австриските Алпи прикажува планински дом кој исчезнал под дебел слој снег.
Обилните снежни врнежи го прекриле објектот на три ката кој се наоѓа на 2.136 метри надморска височина. Поради снежните лавини, исто така беше покрената евакуацијата на населението од блискиот град Ајзенерц, но исто така создадоа можност за појава на вакви невообичаени сцени.