Авион штотребаше да лета на релација Кипар – Букурешт, принудно слета на аеродромот во Костанца, поради проблеми со закрилата, изјавија официјални лица.
Авионот на романската авиокомпанија „Блуер“, во кој имало 109 патници и членови на екипажот, според властите, безбедно слетал во Констанца.
Директорот на аеродромот во Констанца, Богданн Артаџа, изјави дека пилотот на авион кратко по полетувањето барал да слета бидејќи не можел да ги отвори закрилата, објави АП.
Тој додаде дека локалните службеници за итни случаи биле повикани на аеродромот да го проверат авионот, кој по проверката требало да лета за Букурешт. Сепак, локалните медиуми известуваат дека голем број патници го напуштиле авионот по принудното слетување и нашле друг превоз.