ДУИ години по ред, како дел од централната власт и која многу години раководи и со поголемиот дел од албанските општини, кои што имаат надлежности во образованието, со назначување на партиски директори во основните и средните училишта, честопати управувајќи и со Министерството за образование (како што е случај и сегај) ги уништи речиси сите образовни и воспитни вредности во албанските подрачја.
Друг удар на ДУИ врз албанското образование во Македонија се прави и преку приватниот универзитет на членот на централното претседателство на ДУИ и актуелен градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, инаку познат како Меѓународен универзитет во Струга, кој е под раководство на неговиот близок пријател, Арменд Кадриовски. Овој универзитет познат е само по последователните скандали, разни правни законски прекршоци и многу други неправилности. Во оваа прилика би го спомнале скандалот кога пред една година раководителите на овој универзитет насилно ги протераа просветните инспектори кои беа отидени да ја вршат својата законска работа. Сето ова се случува поради тоа што со Универзитетот раководи Рамиз Мерко, висок кадар на ДУИ кој секогаш се обидува да се крие зад власта, дури и без да го почитува законот.
Последниот случај на албанските медиуми кои го апострофираа Универзитетот на Рамиз Мерко за фиктивни дипломи и фиктивни научни звања, ги потврдува сомневањата дека во тој универзитет не се гради знаење и наука, туку се прават злоупотреби во разни правци.
Го повикуваме Министерството за образование и наука, Државниот инспекторат за образование, Комисијата за акредитација, Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи да го испита приватниот Универзитет на Рамиз Мерко за сите сомнежи и загрижувања кои што домашната и пошироката јавност ги има покренато во врска со злоупотребите, како што се: сомневањата за регуларноста на дипломите и научните звања на универзитетските професори.