Полицијата во Непал бара петмина исчезнати следбеници на духовниот водач Рам Бахадур Бамџон, за кој поклониците веруваат дека е реинкарнација на Буда, објавија официјални лица во земјата.
Рам Бахадур Бамџон, познат и како момчето Буда, стана познат во јужниот дел на Непал во 2005 година, кога многумина веруваа дека тој може да медитира со месеци, седејќи под дрво, без храна и вода и воопшто да не се поместува од таа положба, објави агенцијата АП.
Тој сè уште е популарен и покрај наводите дека сексуално и физички ги напаѓал своите следбеници.
Ума Прасад Чатурбеди од Централното истражувачко биро на Непал соопшти дека полицијата извршила претрес на три кампови на Бамџон и го држи под строг надзор додека се трага по петтемина исчезнати.
Чатурбеди рече дека одредени области во џунглата, во близина на камповите, биле прекопани по информации дека таму може има тела на некои од следбениците, но засега ништо не е пронајдено