Неколку хрватски навивачи го грабнаа пешкирот на Чилиќ од рацете на момчето

Сцената што се случи на трибините по натпреварот на Марин Чилиќ и Роберт Баутиста на „Австралијан опен“ предизвика револт кај многумина.

По поразот во осмина-финалето, Чилиќ ја поздрави публиката и фрли пешкир на трибините, кој одлета право кон едно момче. Но, двајца хрватски навивачи му го грабнаа од рацете. Непознатата навивачка двојка продолжи да се радува со пешкирот во рацете, додека момчето разочарано стоеше покрај нив.

Треба да знаете
Последни објави