САД денеска ја повикаа Русија да го уништи новиот систем за вкрстени ракети, за кој тврдат дека директно го нарушува нуклеарниот договор за ракети од среден и краток дострел, обвинувајќи ја официјална Москва дека ја дестабилизира глобалната безбедност.
„За жал, САД сé повеќе сфаќаат дека на Русија не може да ѝ се верува дека ќе се придржува до договорите за контрола на оружјето и дека нивните злонамерни дела доведоа до зголемени тензии ширум светот”, изјави американскиот амбасадор Роберт Вуд на конференцијата за разоружување што ја организираат Обединетите нации во Женева, објави „Ројтерс“