Кремљ предупреди дека ниту Русија ниту Јапонија нема да ги тргнат на страна своите национални интереси во преговорите за решавањето на деценискиот територијален спор и изјави дека секој треба да биде реален за предизвикот да се постигне договор.
Јапонскиот премиер Шинзо Абе инсистира да се реши спорот за островите кои биле окупирани од страна на советските сили при крајот на втората светска војна.
Непосредно пред разговорите во Москва помеѓу Абе и претседателот на Русија Владимир Путин, портпаролот на Кремљ Дмитри Песков изјави дека преговорите за решавање на овој спор се сè уште во рана фаза и дека претстои уште многу работа.