(Видео) По една недела спасено куче кое паднало во јама

На Италијанец кучето му паднало во јама додека бил на лов. По една недела дошол со ќерката за да се збогува од миленикот, но ненадејно со слушнале лаежот на кучето од јамата длабока 140 метри.

Џузепе Тривелат дента кога се случила несреќата, со часови го довикувал неговото куче крај јамата во која што пропаднало. Но, немало никакво знак дека е живо. Помислил дека неговиот верен Зумо починал при падот во дупката.

Тој ден тој ловел на Истра. Последниот ГПС сигнал од кучето бил во близина на јамата. Откако изгубил надеж дека ќе го најде миленикот, тој се вратил дома. По една недела се вратил на местото на несреќата, овојпат носејќи ја со себе и ќерка си. Таа сакала да се збогува од миленикот и му ја фрлила омилената играчка во јамата. Тогаш се слушнал и лаеж од длабочините…

Неверојатната приказна ја објави италијанскиот портал Il giornale di Vicenza, а ја пренесе Гласот на Истра, кој разговараше со пожарникарите кои го спасувале кучето.

Во спасувачката мисија учествувале тројца пожарникари од Пула, како и спелеологот Морени Алмаси. Пет часа тие се спуштале на 80 метри длабочина во јамата, каде било пронајдено кучето, кое немало никакви повреди. Кучето не давало отпор кога го фатиле во мрежа за да го извлечат надвор. Според зборовите на пожарникарите, Џузепе неможел да престане да плаче кога го видел своето куче Зума.

https://youtu.be/gFQLCGufycY

Треба да знаете
Последни објави