Турција најави меѓународна истрага за убиството на Кашоги

Турција планира да покрене меѓународна истрага за убистото на саудискиот новинар, Џамал Кашоги, изјави министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу.

Кашоги кој важеше за голем критичар на саудискиот престолоналедник, принцот Мохамед бин Салман, почна да пишува за „Вашинготн пост“ кога се пресели вол САД, а убиен беше во саудискиот конзулат во Истанбул на 2 октомври.

Турција претходно објави дека соработува со други земји во врска со овој случај и ја обвини Саудиска Арабија дека не учествува доволно во истрагата.

Шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу рече дека одредени западни медиуми се обидуваат да го забошотат убиството на Кашоги и додаде дека Турција ги направила подготовките за покренување на меѓународна истрага.

Треба да знаете
Последни објави