Градот кој ќе ви плати 100 долари за да го посетите

Градот Сан Луис Обиспо во Калифорнија ќе им плати 100 долари на првите 500 туристи во зимската сезона. За да ги добијат парите, потенцијалните туристи мораат да резервираат минимум две ноќевања во некој од градските хотели, преку официјалниот сајт на градот.

Штом резервираат соба, треба да ја испратат потврдата на мејл и ќе добијат код за промоција. Понудата важи само за првите 500 туристи кои ќе одговорат на мејлот. Ако не добиете повратен код значи дека не сте влегле во првите 500 туристи во текот на зимската сезона, која трае од 1 јануари до 31 март.

Станува збор за гратче кое нуди многу работи за гледање кога станува збор за архитектурата и уметноста, под силно шпанско влијание. Тука е и познатата долина Баблгам, станува збор за улица долга 21 метри целосно прекриена со гуми за џвакање. Се претпоставува дека ги има два милиони на број.

 

Треба да знаете
Последни објави