Во петокот беше завршена фасада на најголемиот аеродром во светот „Даксинг“ во Пекинг, втор меѓународен аеродром во главниот град на Кина.
Терминалот се очекува да биде завршен на 30 јуни, а „Даксинг“ ќе биде отворен на 30-ти септември годинава. Кина инвестираше 14 милијарди долари во „Даксинг“, за чија изградба ќе бидат потрошени над 220.000 тони челик, а кој зафаќа 700.000 квадратни метри.
Властите истакнуваат дека „Даксинг“ ќе може да опслужува 72 милиони патници годишно до 2025 година. Аеродромот има шест писти, 268 места за паркирање, а дополнително се планира изградба на седма писта.