Џејмс Харден деновиве во НБА прави нешто што навистина ќе остане запишано во историјата на американската кошарка.
По 20 меча на кои во низа постигна по 30 или повеќе поени, беше само прашање дали ќе продолжи тоа и на гостувањето на Хјустон во Њујорк.
Веќе на полувреме, славната „брада“ стигна до 36 брутални поени и тоа прашање беше архивирано. Но беше поставено друго прашање, на колку поени ќе запре до крајот на мечот.
Во победата на „Рокетс“ со 110:114, Харден успеа да запише неверојатен 61 поен. Неговиот рекорди ќе останат впишани силно во НБА кошарката. Освен бројот на поени, тој имаше 15 скокви, 5 освоени топки и 4 асистенции.
Во оваа сала „Медисон Сквер Гарден“, од 1968 година досега, само еден играч даде повеќе од Џејмс Харден, во прашање е Кармелот Ентони со поен повеќе (62), на 24 јануари 2014 година.
Од останатите мечеви:
Индијана 110:106 Торонто, Бостон 123: 103 Кливленд, Бруклин 114:110 Орландо, Мајами 99:111 ЛА Клиперс, Чикаго 101:121 Aтланта, Мемфис 107:118 Шарлот, Њу Орлеанс 94:98 Детроит, Филаделфија 122:120 Сан Антонио и Јута 114:108 Денвер.