Град Скопје вечерва интензивно ги чисти градските улици и булевари

Град Скопје вечерва интензивно ги чисти градските улици и булевари

Зимската служба на Град Скопје вечерва интензивно ги чисти градските улици и булевари.

„Поради засилените и постојани врнежи од снег, градските сообраќајници континуирано се чистат за да може сообраќајот да се одвива без застој, а и постојано се фрла сол за спречување на појавата на голомразица на коловозите.

Екипите на зимската служба интервенираа на критичните места, односно на сите мостови, клучки, надвозници, подвозници и високите зони кон Водно, Пржино, Железара, како и на сите други таканаречени „црни точки“ во градот.

Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да овозможат непрекинато движење на возилата на зимската служба“, велат од Град Скопје.

Треба да знаете
Последни објави