Промената на името, Уставот, идентитетот, јазикот и откажувањето од се што е македонско само за СДСМ е добра вест.Само Зоран Заев и Никола Димитров сметаат дека промена на името, идентитетот, Уставот и јазикот на Македонија е храброст и успех, додека граѓаните сметаат дека тоа е кукавичлук и срам, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, Заев донесе црнила за граѓаните на Македонија.
,,Заев и Димитров го навредија и потценија македонскиот народ. Договорот е капитулантски, со него се откажуваме со сите Македонци и од се што е македонско и токму затоа за ВМРО-ДПМНЕ овој договор ниту е, ниту ќе биде прифатлив.Овој договор е директен удар на темелите на државноста и го поткопува уставниот поредок на Република Македонија.
Цела јавност виде како Зоран Заев од опозиција се колне во сопствените деца и предци дека нема да прифати промена на уставното име. Сега од позиција на власт Зоран Заев без срам го промени неговиот став и прави непроценлива и неповратна штета.Заев не се бори за европските вредности, напротив тој и неговиот криминален картел на власт се борат за наместените тендери, корупцијата и криминалот кој царува.
Токму затоа Зоран Заев наместо декларативно и лажно да се залага за ЕУ, треба веднаш да си замине од власт пред штетата која и ја нанесува на Македонија да биде ненадоместлива.Оваа криминална власт ја уништува Македонија. Граѓаните заслужуваат да живеат подобро. За Македонија да оди напред СДСМ мора да замине час поскоро”, се додава во реакцијата.