Граѓаните на Општина Гази Баба се гушат во загадениот воздух и во континуитет се регистрира енормно високо присуство на ПМ честички, рече денеска на прес-конференција Златка Ташевска, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Гази Баба.
„Локалната и централната власт на СДСМ не преземаат ништо за откривање на причинителите за ваквото загадување, ниту пак преземаат мерки за подобрување на квалитетот на воздухот. Ова е пример дека СДСМ едно зборува кога е во опозиција, а ништо не презема кога е на власт“, истакна Ташевска во своето обраќање.
Таа посочи дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија во Општина Гази Баба на вчерашната седница донела одлука за итна набавка на прочистувачи на воздух кои ќе бидат поставени во детските градинки и основните училишта, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш ги застапува интересите на граѓаните во насока на подобрување на секојдневното живеење.