Податоците околу загадувањето во главниот град повторно се алармантни. Скопје синоќа пак се искачи на првото место по загаденост во светот. Индексот на загадување беше 266 што се смета за многу висок и опасен за здравјето на граѓаните.
Податоците објавени на страницата „Ер Вижал” покажуваат дека и синоќа и денесја, Скопје се наоѓа високо на листата на најзагадени градови. Изутрината потешко се дише само во Казахстан и Индија. Индексот на загадувањето е 249.
Синоќа, граѓаните алармиираа дека во делови на градот е толку замаглено и загадено што тој наликува на ,,град на духови”.
Скопје смог аларм синоќа објави фотографија на Фејсбук од ,,хоророт наречен Ново Лисиче”.
Ова не е првпат Скопје да се најде на врвот на листата по загаденост. Слични податоци беа измерени и на 19 јануари, кога индексот на загадување беше 430, а на врвот на листата беше во друштво со градови од Индија, Пакистан. Четвртото место му припадна на Бангладеш, а петтото на Косово.
Во саботата десетици граѓани протестираа пред Собранието барајќи од Владата итни мерки за решавање на проблемот со загадувањето, кој највеќе влијае врз децата, кои ги преплавија детските клиники. Покрај краткоричните, се бараат и долгорочни мерки за решавање на овој сериозен проблем.