Сопатничка тешко повредена во сообраќајка

Сопатничка била тешко повреддена, а двајца возачи полесно во сообраќајна несреќа што синоќа се случила во Скопје.

Соред полицијата, сообраќајката се случила  во 21.10 часот, на  улицата Лазар Личеновски. Автомобил  „опел aстра“, со скопски регистерски таблици, управуван од Е.З.(26) од Скопје се судрил со автомобил „фиат стило“ што го управувал М.С.(37) од Скопје.

Во сообраќајката  полесно бил повреден возачот М.С. и бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.

Возачот Е.З. и сопатничката од истото возило Б.З.(21) од Скопје биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде од страна на лекар кај Е.З. биле констатирани телесни повреди, а кај Б.З. биле утврдени тешки телесни повреди.

Полицијата извршила увид.

 

Треба да знаете
Последни објави