Хронологија на настаните во врска со убиството на Кашоги

Следува хронологија на настаните во врска со смртта на Џамал Кашоги кој пишуваше за „Вашингтон Пост” и беше гласен критичар на саудискиот принц Мохамед бин Салман.

2 Октомври: Кашоги оди во саудискиот Конзулат во Истанбул за документи потребни за да се ожени за неговата турска свршеница Хатиџе Ченгиз. Тој никогаш не излезе од таму. Ченгиз и „Вашингтон пост” следниот ден го пријавуваат неговото исчезнување.

4 Октомври: Саудиските власти инсистираат на тоа дека Кашоги исчезнал откако ја напуштил зградата на Конзулатот. Турското Министерство за надворешни работи го повика саудискиот амбасадор во Анкара во врска со исчезнувањето.

6 Октомври: Турција почна официјална истрага за исчезнувањето на Кашоги. Саудискиот принц повторува дека Кашоги не е во Конзулатот и нуди да ѝ дозволи на Турција да го пребара објектот.

9 Октомври: Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е „загрижен” за исчезнувањето на Кашоги.

12 Октомври: Саудиски тим пристигна во Анкара на разговори со турски официјални претставници, затоа што кралството е под зголемен меѓународен притисок да објасни што се случило со новинарот.

13 Октомври: Саудискиот министер за внатрешни работи, Абдулазиз бин Сауд бин Наиф, негира дека неговата земја е вмешана во исчезнувањето на Кашоги.

14 Октомври: Трамп се закани со „тешка казна” ако се докаже дека саудиските лидери стојат зад исчезнувањето на Кашоги. Ријад предупредува дека ќе се одмазди против каква било „акција” што може да се преземе против земјата.

15 Октомври: Трамп изјави дека го испраќа Помпео во Саудиска Арабија со цел разговори за Кашоги. Турските форензичари влегоа во саудискиот Конзулат за да бараат докази поврзани со исчезнувањето на новинарот.

16 Октомври: Помпео во Ријад се сретна со саудискиот крал Салман бин Абделазиз. Подоцна замина за Турција и се состана со претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

17 Октомври: Турски истражен тим ја пребара резиденцијата на саудискиот конзул во Истанбул.

20 Октомври: Саудиска Арабија ја признава смртта на Кашоги, велејќи дека тој бил убиен во „тепачка” во Конзулатот. Салман отпушта неколку разузнавачи и советник во кралскиот суд кој е близок до принцот.

21 Октомври: Турција повика 25 лица за понатамошно испрашување. Ердоган во говор во Парламентот на 23 октомври најави дека ќе обезбеди „гола вистина” за случајот.

22 Октомври: Саудискиот крал и принцот го повикуваат синот на Кашоги за да му изразат сочувство.

23 Октомври: Ердоган го отфрли извештајот на Ријад за смртта на Кашоги, велејќи дека функционерите од Конзуларот на Ријад во Истанбул и тим од 15 лица од Саудиска Арабија го планирале „политичкото убиство”.

25 Октомври: Главниот саудиски обвинител Сауди бин Абдула изјави дека убиството на Кашоги било со умисла, спротивно на претходниот официјален став според кој тој бил убиен во „тепачка”.

26 Октомври: Ердоган изјави дека Ријад мора да ги предаде 18-те лица уапсени за наводна поврзаност со убиството, за да може да им се суди во Турција.

27 Октомври: Саудиска Арабија вели дека на осомничените за убиството на Кашоги ќе им се суди во Кралството, одбивајќи ги турските повици да ги предадат.

29 Октомври: Турските и саудиски обвинители се сретнаа во Истанбул во врска со истрагата за убиството на Кашоги.

31 Октомври: Обвинител во Истанбул изјави дека Кашоги бил давен до смрт кусо време откако влегол во Конзулатот и оти телото на новинарот било распарчено во умислена операција. Тоа беше првиот детален извештај на турската страна за убиството.

2 Ноември: Ердоган за „Вашингтон Пост” изјави дека наредбата да се убие Кашоги дошла од врвот на саудиската Влада.

Ноември 10: Ердоган изјави дека Турција снимките од убиството на Кашоги им ги дала и на Саудијците, САД, Германија, како и на Франција и Велика Британија.

Ноември 15: Саудискиот обвинител побара смртна казна за пет лица поврзани со убиството на Кашоги. САД санкционираа 17 лица, за кои се тврдеше дека биле дел од „оперативниот тим” вклучен во убиството на Кашоги.

Ноември 20: САД ќе останат „цврст партнер” на Саудиска Арабија, изјави Трамп.

1 Декември: Ердоган на прес-конференција на самитот на Г20 изјави дека Кашоги бил изгубен за помалку од осум минути. Саудискиот принцот исто така присуствуваше на самитот во Аргентина.

9 Декември: Саудиска Арабија повтори дека нема да ги екстрадира клучните осомничени за убиството на Кашоги.

11 Декември: Новинарите го прогласија Џамал Хашоги за Личност на годината на „Тајм”.

13 Декември: Американски сенатори усвоија закон со кој саудискиот принц се обвинува за смртта на Кашоги. Сенатот гласа за прекин на американската поддршка за војната предводена од Саудиска Арабија во Јемен.

3 Јануари: Во Саудиска Арабија почна судењето на осомничените за убиството на Кашоги.

18 Јануари: Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изјави дека нема право да почне истрага за Кашоги.

28 Јануари: Специјалната известувачка на ОН за човекови права, Агнес Каламард, почна меѓународна истрага за убиството на Кашоги.

Треба да знаете
Последни објави