„Волстрит журнал”: Виктор Орбан одбил да извршува наредби од САД

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан на американски дипломати им посочил дека тој сака неговата земја да гради неутрална надворешна политика, а не да исполнува барања од САД, пишува весникот „Волстрит журнал”.

Весникот забележува дека шефот на унгарската влада добил наредби да се спротивстави на кинеските сајбер-шпионажи и да ја поддржи Украина поради спорот кој го има со Русија. Сепак, Орбан одбил да ги почитува овие барања, пишува весникот, а пренесува и „Спутник“. Според Орбан Унгарија треба да биде неутрална како Австрија, додава „Спутник“ во својот напис.

Наспроти ова, весникот пишува дека унгарскиот премиер привлекува кинески инвестиции од областа на информатиката, а исто така се спротивставува и на преговорите помеѓу НАТО и Киев на министерско ниво. Орбан е незадоволен од ситуацијата за намалување на можноста за школување на унгарски јазик во Украина за националните малцинства, додаваат медиумите.

На крајот од 2018 година, рускиот претседател Владимир Путин рече дека е постигнат значителен напредок во развојот на руско-унгарските односи и дека се постигнати нови граници на соработка. Тој, исто така, изрази надеж дека заедничката работа ќе продолжи да ги зајакнува билатералните односи во различни области

Треба да знаете
Последни објави