Жена пронајдена мртва во близина на охридското село Горно Коњско

Беживотно тело на жена било пронајдено вчера попладнето, во близина на охридското село Горно Коњско.

Според СВР Охрид, вчера околу 17 часот припадник на планинарска спасителна служба на Црвен крст од Охрид го забележал телото на патеката што ги поврзува селото и населбата Лагадин и за случајот веднаш ја известил полицијата.

-На телото на жената чиј идентитет се уште не е утврден нема траги на насилство. На местото на настанот излезен е Јавен обвинител по чија наредба денеска ќе биде извршен увид кој треба да ги утврди причините за смртта, изјави Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

 

 

Треба да знаете
Последни објави