Алијанса за Албанците реагира на состојбата со епидемијата со морбили и укажува на некомпетентноста на министерот за здравство, Венко Филипче во справување со истата.
-Во моментот кога расте бројот на пациенти со мали сипаници, а епидемијата се шири и во помалите градови во земјава, поради што и се очекуваа бројот на заболени да се зголеми! Во моментот кога во последните години во Македонија е присутен постојан тренд на опаѓање на опфатот на вакцинацијата, кој е најизразен во урбаните средини и се должи на повеќе фактори! Во моментот кога е факт постоењето на антивакцинални движења кои се активни по социјалните мрежи и кога има генерална недоверба на населението во јавните здравствени политики, во транспарентноста за начините на набавката и квалитетот на вакцините што се користат, и кога влијанието на информациите добиени од непроверени и непрофесионални извори се лесно достапни до родителите и придонесуваат на опаѓање на вакцинацијата, а особено дилетантското однесување на министерот за здравство, Венко Филипче, кој во екот на епидемијата со морбили, преку слика на Фејсбук се пофали дека и тој ја вакцинирал својата внука, за да вчера во интервју за Радио Слободна Европа признае дека девојчето примило друга вакцина, оти била се уште мала за вакцината против мали сипаници, е кулминација на сите овие моменти и состојби кои ги имаме во здравството, велат од партијата.
Затоа Алијансата на Албанците смета дека ваквите “испади” на министерот Филипче се загрижувачки и укажуваат на несигурност, некомпетентност и недоволна способност за справување со епидемијата, и наместо како прв човек во здравството да биде промотор на превентивата, тој со неговото однесување се потврдува како пропагатор на нестручни информации за имунизација и ги доведува родителите во дилема.