Јулија Тимошенко води на анекта во пресрет на претседателските избори во Украина

Поранешната украинска премиерка, Јулија Тимошенко има најголеми шанси да стане нов претседател на изборите најавени за 31 март. Ова го покажуваат најновите истражувања на јавното мислење, пренесе руската новинска агенција „ТАСС“.

Директорот на Институтот за анализа, Јуриј Лесничи изјави дека повеќе од 20 проценти од испитаниците рекле дека би го дале својот глас за Тимошенко ако изборите се случат следната недела.

Зад неа се Владимир Зеленски со 12,6 отсто поддржувачи, додека актуелниот претседател, Петро Порошенко е на третото место.

Според анкетата, околу 78 проценти од испитаниците планираат да излезат на изборите.

Истражувањето било споведено од 17 до 25 јануари.

Треба да знаете
Последни објави