Тројца, од кои двајца полицајци кои не биле на работа биле претепани попладнево во населбата Шуто Оризари, откако малолетничка пријавила дека наводно било киднапирано друго девојче по што се собрала поголема група на граѓани.
На инцидентот му претходеле шпекулации кои кружеле зиминативе денови за возило кое наводно кружи околу ОУ„Браќа Рамиз и Хамид“ и дека бараат деца за киднапирање.
Денеска околу 17.30 часот малолетничка пријавила дека на улицата Индира Ганди возрасни непознато лица грабнале малолетничка и ја внеле во комби. Таа му раскажала на возрасен кој ја информирал полицијата. Во меѓувреме се собрала поголема група на гражани, меѓу кои и родителите на наводно грабнатата девојка и пресретнале возило во кое биле полицајците, двајцата полициски службеници во ПС Чаир, кои не биле на работа. Насобраните ги нападнале лицата кои биле во возилото и тие се пренесени во болница за укажување на лекарска помош.
Од МВР велат дека до овој момент нема пријава за исчезната девојка од ниту едно семејство. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.