Сведочења на судењето за Ел Чапо: Имаше соба за убиства

Судењето на Жоакин Ел Чапо Гузман Лоер во САД, кое започна на 13 ноември минатата година, веќе се претвори во епска наркодрама, пренесува Си-ен-ен.

Последното и досега најбрутално сведочење открило дека Ел Чапо лично измачувал и убил негови соперници, изјавил неговиот телохранител на судењето во Њујорк.

Исајас Валдез Риос опишал како Ел Чапо брутално тепал најмалку тројца мажи пред да ги убие. Во еден од инцидентите Ел Чапо, повеќе од 3 часа тепал двајца мажи кои се придружиле на ривалски картел.

Телата на двајцата мажи подоцна биле запалени, а третиот, кого Ел Чапо го убил, бил член на картелот Арелано Феликс. Тој бил затрелан ама не бил мртво, Ел Чапо, според наводите, жив го фрлил во дупка и го закопал.

Екстелохранителот на Ел Чапо, рекол дека и тој самиот се спасил од ликвидација, зашто во еден момент Ел Чапо се посомневал дека му украл пари. Валдез Риос моментално се наоѓа во еден од американските затвори и му се заканува долгогодишна затворска казна, но се надева дека судот ќе му ја намали во замена за соработка со обвинителите.

Треба да знаете
Последни објави