Облачно и дождливо, со температура до 10 степени

Утринава времето во земјава е облачно, на повеќе места има врнежи од дожд, на повисоките места и на планините од снег. По одделни котлини има појава на слаба магла, а повеќе магла има во Полошката котлина.

Во текот на денот ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Пообилни врнежи ќе има во источните делови каде се очекува да наврнат нови 15л/м2 . По одделни котлини ќе има појавана магла, а попладне во западните делови ќе има кратки сончеви периоди. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10 степени.
Во Скопје претежно облачно со повремен дожд и со појава на слаба магла. Максималната температура ќе достигне 5 степени.

Утре ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег со слаб до умерен интензитет. Од петок до недела се очекува стабилно време и значително затоплување, особено на повисоките места и на планините што ќе предизвика топење на снежната покривка. По котлините ќе има услови за појава на магла и ниска облачност.

Треба да знаете
Последни објави