Како што пренесуваат шпанските медиуми, челниците на Реал Мадрид во идниот период ќе се обидат по секоја цена да дојдат до потписот на актуелниот тренер на Тотенхем, Маурисио Покетино.
Моментално тренер на Реал Мадрид е Сантијаго Солари кој што пристигна на местото на Хулен Лопетеги, меѓутоа ниту легендата на „Кралевите“ не успева да ги оствари очекуваните резултати.
Според шпанските медиуми, токму поради тоа, челниците на Реал Мадрид наскоро по секоја цена ќе се обидат да го доведат актуелниот тренер на Тотенхем, Маурисио Покетино, иако нема да им биде лесно да го ангажираат Аргентинецот.
Покетино има долгогодишен договор со Тотенхем, а во договорот нема откупна клаузула. Секако, Реал Мадрид има и резервни опции, но наводно на „Сантијаго Бернабеу“ биле убедени дека токму Покетино е идеалното долгорочно решение за тимот.