Спонзорка открива какви жени сакаат милијардерите

Шведската блогерка Ана Беј (32) ги советува жените како да фатат милијардер и да се вклопат во високото друштво, а нејзината неодамнешна јутјуб-лекција содржеше објаснување зошто богатите луѓе често паѓаат на „девојки од соседството”, односно жени кои не се многу привлечни.

Ана, која дели совети под името JetSetBabe онлајн, врз основа на своето искуство тврди дека постојат неколку причини зошто богатите луѓе сакаат „едноставни жени”. Дека во нејзината теорија има вистина зборува фактот што и самата е во врска со богат банкар. Нејзиниот совет е проследен од околу 29 000 следбеници на Инстаграм.

Најважните причини поради кои милионерите и милијардерите ги привлекуваат едноставни жени, според Ана, се несигурноста и потеклото на овие мажи.

„Тие се плашат дека сопругата ќе ги остави и ќе ги изневерува, па затоа бараат помалку атрактивна партнерка покрај која ќе бидат спокојни”, вели Ана.

Исто така се и љубоморни, па одбираат помалку привлечна жена која другите луѓе нема да ја гледааат.

„На сите мажи убавината не им е приоритет, на некои им се поважни интелигенцијата, шармот, отвореноста и мудроста”, изјави Швеѓанката.

Треба да знаете
Последни објави