СДСМ тотално се одлепиле од реалноста, велат од ВМРО-ДПМНЕ во однос на информациите од владејачката партија дека во фаза на реализација се 17 странски инвестиции.
Од таму додаваат дека во отсуство на ветените инвестиции на „Гугл“ и „Фејсбук“, на оваа власт и преостанува да се фали со инвестициите кои претходно ВМРО-ДПМНЕ ги обезбедила и ги договорила.
„Лицемерието оди до таму што сега Владата и СДСМ се фалат со зголемен извоз од фабриките од ТИРЗ-овите кои ги обезбеди Владата на ВМРО-ДПМНЕ, а кои СДСМ како опозиција ги критикуваше и напаѓаше“, стои во партиската реакција.
Од опозициската партија истакнуваат дека поради, како што велат, криминалниот картел на власт, Македонија е на 93-то место по индексот на корупција на Транспаренси Интернешнл, на дното во Европа, но и зад земји како Руанда, Свазиленд, Шри Ланка, Намибија и слично.
„ММФ оцени дека растот на БДП во 2018 година ќе биде 2%, што е многу далеку од ветените 5% кои оваа неспособна власт ги најавуваше претходно“, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ од каде додаваат дека платите реално не растат, освен тие на вицепремиерите во Владата и на градоначалниците од редовите на СДСМ