Гуаидо доби забрана да ја напушти Венецуела, кризата се продлабочува

Венецуелската криза станува сè подлабока – Врховниот суд му забрани на Хуан Гуаидо, лидерот на опозицијата кој се прогласи за привремен претседател, да ја напушти земјата, додека пак тој повикува на нови улични протести.

Врховен суд на Венецуела, исто така, одлучи да ги замрзне банкарските сметки на Гуаидо.

Одлуките се донесни во време на ескалација на борбата за власт, откако Гуаидо минатата недела се прогласи за привремен претседател, објави Би-би-си.

Британскиот сервис потсетува дека Европската унија во саботата му даде на актуелниот претседател на Венецуела, Николас Мадуро, ултиматум за распишување на избори во рок од осум дена. Во спротивно, блокот ќе го признае Гуаидо за легитимен претседател.

Гуаидо (35) е опозициски пратеник и претседател на Собранието кој побара нови избори. Мадуро, кој е поддржан од воениот врв, го обвини Гуаидо за државен удар под закрила на САД.

Во интервју за руската новинска агенција РИА, Мадуро повторно ги отфрли повиците за предвремени избори, нарекувајќи ги уцена. Тој посочи дека е подготвен да разговара со опозицијата, со можно посредство од трета земја.

Треба да знаете
Последни објави