Товарен воз излетал од пругата во близина на Велес

Во текот на вчерашниот ден околу 17 часот на делницата Скопје-Велес, пред железничката станица во Велес, товарен воз поради одрон од карпи на железничкиот коловоз, излетал од пругата, а локомотивата удрила во метални столбови од контактната мрежа.

Како што соопштија од полицијата возот бил управуван од 23-годишениот машиновозач С.М. од Скопје и совозачот Р.Б.

Од МВР додаваат дека по несреќата, со повреди се здобиле машиновозачот и совозачот и тие веднаш биле пренесени в болница во Велес. Увид извршила екипа од СВР Велес.

Треба да знаете
Последни објави