СДСМ: За скандалот со ПИОМ ќе кажат надлежните институции, а не политичките партии

Секој инволвиран во случајот што го откри Министерството за труд и социјална политика и министерката Царовска мора да понесе одговорност, велат од СДСМ како реакција на прес конференција на Димче Арсовски кој праша кој ќе ја сноси одговорноста за скандалот со ПИОМ.

Од владејачката партија истакнуваат дека за тоа какви злоупотреби се направени, кој и за што ќе одговара, ќе кажат надлежните правосудни институции, а не политичките партии.

„Таа пракса на којшто е навикната ВМРО-ДПМНЕ, да прогласува кој е виновен а кој не, преку партиски говорници, наместо преку институциите, заврши со нивното заминување во опозиција.
Факт е дека неправилностите во распределбата на парите од придонесите во вториот пензиски столб, со што се оштетени 12 илјади граѓани-осигуреници, се случувале во време на владеењето на криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ“, стои во партиското соопштение во кое се додава дека со 19 милиони евра од буџетот решен е проблемот токму од страна на Министерството за труд и социјална политика.

Од партијата велат дека веќе е започната и уплата на парите од државата кон двете приватни пензиски друштва за оштетените осигурени, на кои, како што посочуваат, со години не им биле плаќани придонеси во вториот пензиски столб

Треба да знаете
Последни објави