Поради наноси од земја во прекин е сообраќајот на патот Валандово – Удово, кај Калковска Река.
„На патниот правец Р1105 Валандово – Удово пред клучката кај Калковска Река од 16:30 часот сообраќајот е во целосен прекин поради расчистување на водата и наносите од земја на коловозот од страна на екипите на Ј.П. ‘Македонијапат’“, информира АМСМ.