Како што рече, властите во Русија разговарале за тоа со венецуелските партнери – Кина, латиноамериканските земји и Европејците кои сакаат да создадат услови за дијалог.
Лавров додаде дека бројни земји и здруженија ја поздравиле посредничката иницијатива, вклучувајќи ги Европската Унија, Уругвај и Мексико.
Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, рече дека е подготвен да преговара со опозицијата со помош на меѓународен посредник.
Кризата во Венецуела настана кога претседателот на националното собрание, кое е единствено тело под контрола на опозицијата, Хуан Гуаидо, се прогласи за претседател на еден од многубројните протести против актуелниот претседател Николас Мадуро.
Зад Гуаидо застана Вашингтон, како и многубројни латиноамерикански земји поради што Москва смета дека зад бунтот стојат САД.
И Мадуро тврди дека станува збор за државен удар оркестриран од Вашингтон. Тој ги прекина дипломатските односи со САД и нареди американските дипломати да ја напуштат Венецуела. Тој му порача на Трамп на англиски јазик „да ги тргне рацете подалеку од Венецуела“.