Поранешниот советник во средно училиште во Охајо, САД со солзи во очите се извини за сексот со својот 17-годишен ученик откако поради тоа беше осудена на две години затвор.
Ребека Спероу (37) пред судијата и поротниците се извини за своето „предавство“. Осудената, која од неодамна е разведена мајка на две деца беше осудена откако се изјасни за виновна за сексуален престап. Судијата Еми Коригал Џонс го нарече нејзиниот чин перверзен.
-Многу ми е жал за моето предавство и разнишаната доверба. Сите очекувавте повеќе од мене, а јас ве изневерив. Знам дека ниту еден збор не може да го поправи она што го направив, изјави таа пред судот и семејството на ученикот со кој имала односи.
Спароу била советник во гимназијата во тоа време кога имала сексуални односи со 17-годишниот ученик од февруари до мај 2016 година. Тој не се појави во судницата, но му напишал писмо на судот. Во тоа време одел на разговори со советничката бидејќи поминувал низ тежок период и имал самоубиствени мисли по разводот на неговите родители. Но наместо да му помогне со разговор, Спароу имала сексуален однос со него.
Таа тврди дека ученикот го иницирал односот и се согласил со тоа, како во сексуална така и во психолошка смисла.
Обвинителите велат дека таа не покажувала емпатија или каење за нејзините постапки, туку зборувала за сопственото понижување.
Нејзиниот адвокат изјави дека Спероу не заслужува затвор, туку условна казна, а ученикот со кого имала афера исто така сметал дека затворската казна е несоодветна.
Наа крајот таа доби две години затвор откако судот оценил дека постои умерен ризик да повтори слично дело. Откако ќе биде ослободена од затвор, таа веќе нема да може да работи како училишен советник.