Американскиот потпретседател Мајк Пенс планира утре да отпатува за Мајами, американскиот град со најголем број членови на венецуелската заедница во САД.
Според најавите Пенс ќе оди во Мајами за да и изрази поддршка на опозицијата во Венецуела во пресрет на протестите против претседателот Николас Мадуро, соопшти неименуван официјален претставник на Белата куќа за „Ројтерс“.
На Пенс во Мајами, како што посочи изворот од Белата куќа ќе му се приклучат и сенаторите од Флорида, Марк Рубио и Рик Скот, гувернерот Рон Десантис и републиканците.
Во Венецуела на 21-ви јануари започнаа масовни протести против претседателот на државата, Николас Мадуро. Петседателот на венецуелскиот парламент, опозицискиот лидер Хуан Гуаидо на 23 јануари себе си се прогласи за привремен шеф на државата.
Самопрогласувањето на Гуаидо за привремен претседател први го поддржаа САД