Канадската Влада потврди нов, 14 случај заболен од необична болест, која во последно време се шири меѓу дипломатскиот персонал во Хавана, објави Си-ен-сн.
Во владиното соопштение се наведува за уште еден заболен за што е известена јавноста дека ќе биде преполовен бројот на деипломатскиот персонал на Куба. Така бројот на дипломати во канадската амбасада на Куба од 16 ќе се намали на 8.
„Здравјето и безбедноста на дипломатскиот персонал и нивните семејства се наш приоритет“ се наведува во соопштението.
„Канадската Влада продолжува да истражува кои се потенцијалните причинители што предизвикуваат необични здравствени симптоми, кои ги искусија неколку канадски дипломати и членови на нивните семејства во Хавана. До денеска не е утврдена причината за заболување“.
Кубанската амбасадорка во Канада, Џосефина Видал, ја критикувала одлуката за намалување на бројот на дипломатски персонал и рекла дека се работи за неразбирлив потег.