Македонската филхаромија денеска со почеток во 20 часот ќе одржи симфониски концерт „Бесмртност“ посветен на творештвото на Лудвиг Ван Бетовен.
Диригент на концертот е Сашо Татарчевски, а како солист ќе настапи пијанистката Нина Костова-Јаневска. На програмата ќе бидат делата „Увертира за именден оп. 115“, „Хорска фантазија за пијано, хор и оркестар оп. 80“ и „Симфонијата бр. 2 во D-dur“.