Градоначалникот Филип Темелковски во САД се сретна со сенаторите на Оклахома Кеј Флојд и Роб Стандриџ

Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски престојува во работна посета на Соединетите Американски Држави со цел за пренесување на искуства во нашата држава кои би придонеле за подобар живот на граѓаните.

Градоначалникот ја посети државата Оклахома каде се запозна со работата и со ингеренциите на Сенатот на локално и државно ниво. При овој престој Темелковски оствари работна средба со сенаторите на Оклахома Кеј Флојд и Роб Стандриџ кои го запознаа со степенот на децентрализација, а му ја објаснија и соработката помеѓу Федералната Влада, Државниот Сенат, гувернерите и градоначалниците. На оваа средба сенаторите градоначалникот го информираа и за начинот на креирање на политиките и независноста при нивното креирање. Темелковски беше во посета и на Комитетот за надворешна политика при US House of Representatives во Вашингтон место каде што се одлучува за надворешната политика на САД.

Градоначалникот Филип Темелковски во Калифорнија, се стекна со знаење за функционирањето на најголемите корпорации, стартапи, тинк-тенк организации и бизнис инкубатори ( Google, Plug&Play Tech, Denmark Tech Ambassador, Bay Area urban security Initiative и Bay Area Council Economic Institute).

Со претставниците на истите градоначалникот дискутираше за актуелните економски случувања , општествената одговорност на големите компании, четвртата индустриска револуција, како да се помогнат новите стартапи и малите компании, за поддршката на општините во бизнисот, за сајбер безбедноста и за тоа како да се заштитиме од лажните вести. Покрај ова Темелковски беше во работна посета на најголемите фондации и истражувачки центри( Institute of International Education, The Brookings Institute, Center for International and Strategic Studies, Heritage Foundation) на која заедно со млади лидери од цела Европа дискутираа за актуелните геополитички случувања со луѓето кои ја креираат надворешната политика во Вашингтон.

Градоначалникот Темелковски беше и во US Capitolкаде се запозна со работата на сенаторите, конгресмените и комисиите при Сенатот.

Треба да знаете
Последни објави