Стоматолошки клинички центар: Покрај генералното чистење, ќе биде извршена дезинфекција и од овластена институција

Универзитетски стоматолошки клинички центар „Свети Пантелејмон” во Скопје соопшти дека по откривањето бактеријата МРСА кај еден од вработените, кој е изолиран и не доаѓа на работа, покрај генералното чистење и дезинфицирање од страна на вработените, денеска превентивно ќе биде извршена дезинфекција на целата клиника и од страна на овластена институција.

Од Стоматолошкиот клинички центар посочуваат дека нема новопријавени случаи и дека ги очекуваат останатите резулатати од санитарниот преглед на вработените.

Во интерес на пациентите, апелираме до јавноста дека нема потреба од каков било сомнеж за сигурно и квалитетно давање на стоматолошки здравствени услуги, стои во соопштението од Универзитетски стоматолошки клинички центар „Свети Пантелејмон”.

Треба да знаете
Последни објави